Една од најстарите емисии на ТЕРА. Се емитува цели 10 сезони.По медиумска форма Блиски средби е интервју, во кое во hard talk традиција, во фокус се ставаат најинтересните општествени, културни и социјални настани. Низ атрактивен дијалог, секогаш со еден гостин, се нудат прашања и одговори на теми поврзани со животот, ставот кон предизвиците, анализа на настани и феномени, за кои гледачите се интересираат."Мали" и "големи" луѓе со помалку или повеќе значајни теми, со малку или многу интересни одговори...такви се Блиски средби на ТЕРА. Секоја среда во 18:45 ч.